Вељановски го одби барањето на опозицијата за итна седница

Од:

Претседателот на Собранието одби да се расправа на итна седница за позициите на земјава по самиот на НАТО во Чикаго, а на која се бараше да се обратат претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски.

Опозицијата негодуваше на ваквиот одговор на Вељановски, кој пак сметал дека треба да дојдат на координација а не праќаат барања од партиските штабови за собраниска седница.

Вељаноски и сугерира на опозицијата да ги искористи останатите собраниски механизми доколку сака да дебатира за одредена тема.

Според Деловникот претседателот на Собранието може да закаже седница која се бара како итна и вообичаено досега се закажувале вакви седници кои доаѓаат по барање на опозицијата.

Опозицијата сега може да постави пратенички прашања во четврток или да бара точката да биде ставена на дневен ред но за тоа би се расправало дури по еден месец.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени