Велјаноски: Aлармантно, седум дена 24 села во Дебарца се без струја

Од:

„Седум дена, нон-стоп, 24 часа дневно, 24 села во историска Дебарца немаат струја. Не работи училиштето во Белчишта, не работат амбулантите во сите села, не работат поштата, не работи телефонот, не работат стопанските капацитети“, укажа пратеникот Митре Велјаноски.

Овој проблем, рече,  добива димензии на елементарна непогода. Го пренесе апелот на  3700 жители на  овој дел од Дебарца, главно стари луѓе.

Тие апелираат државните институции кои се надлежни,  да реагираат и  под итно да ги преземат соодветните мерки.

„Ова е пораз на оваа влада , седум дена 24 села да останат без струја.Уште еднаш, апелот е драматичен затоа што таму има болни луѓе, стари луѓе, кои не можат да се гледаат сами, да си нацепат дрва. Ова е елементарна непогода за Дебарца. Луѓе секој ден со солзи во очи се јавуваат да побараат помош.Тој апел го пренесувам одовде од говорницата. Надлежните државни органи до ден денес не реагираат, апсолутно ништо не преземаат за решавање на овој проблем“, рече Велјаноски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата