Вељаноски закажа нова седница на собраниската комисија за труд

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска информира дека закажал седница на Комисијата за труд и социјална политика за среда во 10 часот, што е согласно член 120 став 3 од собранискиот Деловник.

На седницата, како што се вели во денешното соопштение, ќе бидат разгледувани законите кои ги засегаат пензионерите, примателите на социјална помош, како и други закони од социјалната сфера.

– Согласно надлежностите, како Претседател на Собранието на Република Македонија ќе ги преземам сите неопходни чекори и мерки со цел работењето на Собранието и неговите работни тела да се одвива непречено и без опструкции со кои би можело да се доведе во прашање донесувањето на законите и другите акти, стои во соопштението.

Убеден сум, додава Вељаноски, дека Собранието на Република Македонија, како и многу пати досега, има внатрешен капацитет да ги надмине несогласувањата и да функционира непречено, а согласно пропишаната процедура да расправа и да ги донесува законите и другите акти поставени на неговиот дневен ред.

Вељаноски ја закажува седницата откако претседателката на Комисијата Цветанка Иванова од СДСМ одби да закаже нова седница пред да заврши седницата на чиј дневен ред е законското решение за бранителите, за кое пратениците од ДУИ имаат поднесено над 15 илјади амандмани.

Би можело да ве интересира

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он