Вељаноски загрижен, свика координација за утре

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски е загрижен за состојбите во законодавниот дом, и затоа за утре закажа координативна средба на која ќе биде разгледана динамиката и деблокирањето на донесувањето на буџетот на Република Македонија за 2013 година.

„Загрижен поради насилничкото однесување на одредени пратеници во текот на денешниот ден и блокирањето на работењето на комисиите, надлежни за донесувањето на буџетот на Република Македонија за 2013 година, за утре во 10 часот закажувам Координативна средба на која ќе биде разгледана динамиката и деблокирањето на донесувањето на Буџетот на Република Македонија за 2013 година“, вели Вељаноски.

На средбата, како што информира собраниската прес-служба, покрај потпреседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи ги повика и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов, претседателката на Законодавно – правната комисија Благородна Дулиќ и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска