Вељаноски упати честитки за христијанскиот празник Св. Климент Охридски

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од лично, но и од име на пратениците упати честитки до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и на сите православни верници во земјата и во странство по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски.

– Со оддавањето почит и празнување на големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, го уважуваме целокупното негово црковно, просветно и книжевно творештво. Како најистакнат ученик на Светите браќа Кирил и Методиј ја создаде Охридската архиепископија и кирилското писмо кои се непроценлив дар за македонската национална и црковна историја, но неговата делотворна работа продолжи и кон другите нации во светот каде остави длабоки траги, се вели во честитката.

Претседателот на Собранието Вељаноски во честитката повика денешниот христијански празник да претставува поттик за меѓусебно разбирање и промовирање на воспоставената традиција на заедничко почитување и помагање.

– Само на таков начин Република Македонија гради иднина во која ќе се применуваат универзалните вредности и цивилизациски придобивки на христијанството и на човештвото, се подвлекува во честитката од Вељаноски по повод христијански празник Св. Климент Охридски.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги