Вељаноски со анкета за 24-ти декември

Од:

По барање на парламентот била спроведена телефонска анкета за исфрлањето на пратениците од собраниската сала.

Со оваа анкета Законодавниот дом се правда за исфрлањето на пратениците на опозицијата. Анкетата била спроведена од страна на Институтот за демократија, во периодот меѓу 17 и 18 јануари годинава.

Од кабинетот за односи со јавноста на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, до медиумите беа лиферувани резултатите од анкетата за работата на Собранието за 2012 година.

Според резултатите, дури 72 отсто од граѓаните одговориле со „да“ на прашањето „ако пратениците не го почитуваат редот во Собранието, дали да се отстранат?“ Второто прашање кое во анкетата го поставило Собранието на РМ е „Дали да се почитува редот и покрај заострените односи?“.

Позитивно се изјасниле 94 отсто од анкетираните. Пратениците од опозицијата во оваа анкета гледаат наместено сценарио на претседателот Вељаноски и обид да го испере „црниот понеделник.

Ниедна наместена анкета нема да го испере срамот од Собранието, уништувањето на парламентарната демократија во Макеоднија и кривичната одговорност на лицето Трајко Вељаноски. Во Собранието постои деловник кој кажува што и како треба да се работи и демократски претседател на Собрание се води по деловник и закон за Собрание, а не од наместени анкети – вели Јани Макрадули од СДСМ за Плусинфо.

Во анкетата никаде не се спомнува инцидентот со новинарите, кои беа отстранети од галеријата на 24 декември. За овој инцидент не е поставено прашање, за граѓаните да дадат свое мислење.

Анкетата покажува дека пораснал рејтингот и на првиот парламентарец, Трајко Вељаноски.

Неговата работа позитивно ја оцениле 53 отсто од испитаниците, 29 отсто се изјасниле негативно, а 17 отсто одговориле со „не знам“. Поголемиот број граѓани кои биле анкетирани не се задоволни од работата на пратениците на пленарните и комисиските расправи. Од нив негативно со 43 отсто ја оцениле дебатат во Собранието, 28 отсто се изјасниле позитивно, а 27 отсто немале одговор.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти