Вељаноски се сретна со претседателот на Парламентот на Западна Австралија

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска се сретна со претседателот на Парламентот на Западна Австралија, Мајкл Садерленд.

На средбата, Вељаноски оцени дека посетите на највисоко ниво придонесуваат за продлабочување на соработката на двете држави што подразбира и соработка на парламентарно ниво. Соговорниците се согласија дека преку посетите на групите за соработка на двата парламента ќе се даде значен импут на добрите и пријателски односи меѓу двете држави.

Двајцата соговорници разговараа и за значењето и придонесот кој македонската заедница го дава во Австралија и констатираа дека таа е во постојан подем и е вклучена во политичките и економските текови на австралиското општество. На средбата е истакнато дека македонската заедница е задоволна од односот што државата го има кон нив и од начинот на кој им возвраќа за посветеноста и лојалноста.

Од двете страни е укажано и на значењето од унапредување на севкупните односи, особено во економската сфера, како и од инвестирање на австралиски компании во Македонија.

Во тој контекст, претседателот на Парламентот на Западна Австралија посочи дека кај нив особено развиена гранка е рударството и оти во тој дел може да биде зголемена соработката со Македонија.

Садерленд, како што информира Кабинетот на Вељаноски, се интересирал и за политичките случувања и економскиот развој во Македонија и изразил воодушевеност од напредокот и модернизацијата на главниот град.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Албански пратеник активираше димни бомби, говорницата беше блокирана со столчиња

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

(ВИДЕО) Крвави образи и скршени очила во тепачката на бугарските пратеници: Се клоцаат и се нарекуват гниди

Орце Костов

Шведската премиерка го призна поразот, десницата има мнозинство во парламентот

Џафери според Деловникот имал право да ги заклучи пратениците објаснуваат од Парламентот

Катерина Ѓуровски

Се знае конечниот состав на албанскиот Парламент

Жарко Настоски