Вељаноски се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО Бренгелман

Од:

Актуелните политички случувања во Македонија, огромната заинтересираност на граѓаните за членството во НАТО и посветеноста на институциите во остварувањето на тој интерес беа тема на разгово рна денешната средба меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и помошникот на генералниот секретар на НАТО Дирк Бренгелман.

Вељаноски, информираат од неговиот Кабинет, потенцираше дека и покрај негативниот исход во Букурешт во 2008 година Република Македонија останува посветена на интегрирањето во НАТО, исполнувајќи ги сите обврски како да е членка на организацијата и реализирајќи ги реформите кои се значајни пред се за граѓаните на нашата државата.

Констатираше дека во Република Македонија некои работи се случуваат со посилен интензитет како резултат на притисокот на јавноста за што поскоро интегрирање на државата во ЕУ и НАТО и дека тој притисок ги обврзува политичарите на уште поголем анганжман и посветеност во делувањето кон поскоро евро-атлантско интегрирање.

Изрази убеденост дека евро-атлантското интегрирање на Република Македонија би овозможило затворање на дневно-политичките и безбедносните прашања за сметка на посветеност на економското унапредување на земјата.

Бренгелман изрази разбирање за фрустрацијата која ја чувствува Република Македонија по Самитот во 2008 година и недобивањето на членството во Алијансата.

Тој потенцираше дека членството на Република Македонија во НАТО би значело обезбедување на стабилност во регионот, но и во Европа и изрази благодарност за севкупниот придонес на државата во рамките на учеството во мисиите на Алијансата. Искажа задоволство и во однос на позитивното придвижување на политичката состојба во државата по настаните кон крајот на претходната година.

Двајцата соговорници разменија мислење и за значењето на имплементирањето на Охридскиот рамковен договор и на процесот на донесување на законот за медиуми.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија

Иран ги обвинува НАТО и европските земји за соучество во нападите меѓу САД и Израел