Вељаноски се сретна со амбасадорот на Велика Британија

Од:

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Едмунд Гарет.

На средбата Вељаноски се осврна на проектите што во соработка со амбасадорите на Велика Британија и Северна Ирска се реализирани преку фондацијата „Вест Минстер“ и искажа подготвеност за одржување и продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Вељаноски го информираше амбасадорот и за предвремените парламентарни избори, како и за плановите за работа на Собранието во следниот период.

Амбасадорот Гарет изрази подготвеност за поддршка на македонското Собрание при соочувањето со сите предизвици кои ги носи секојдневното функционирање на ова законодавно тело, како и за унапредување и продолжување на соработката.

Двајцата соговорници се согласија дека поддршката од амбасадорите на  пријателските земји се голема придобивка за Собранието, но и за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година