Вељаноски прими делегација на Руската дума

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска прими делегација на Руската дума, на која беше истакнат позитивниот развоен тренд на македонско-руските односи.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот, во однос на парламентарната соработка, Вељаноски истакна дека во Собранието постои пратеничка група за пријателство и соработка чиј претседател е пратеникот Иван Стоиљковиќ и искажа уверување оти од денешната средба ќе започне продлабочување и подинамична соработка на оваа парламентарно ниво.

Претседателот Вељаноски искажа благодарност за безусловната поддршка на уставното име, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија што ја добива од страна на Руската Федерација во континуитет.

Руската Федерација, како што било истакнато на средбата, е значаен трговски партнер и во континуитет е во првите десет земји со кои Македонија има најголем обем на трговска размена.
Во таа насока Вељаноски искажа уверување за поскора реализација и на другите инвестиции од руски компании, како и интензивирање и проширување и на туристичката соработка.

Што се однесува до евроатлантските интегративни процеси претседателот на Собранието изрази благодарност за поддршката од страна на Руската Федерација за интеграцијата на Република Македонија во НАТО, како суверена одлука на државата. Воедно изрази и благодарност за принципиелните ставови на Руската Федерација во спорот за разликите со Грција во врска со уставното име на нашата земја.

Александар Балберов, шеф на Делегацијата, се заблагодари на денешната средба потенцирајќи дека 20. години дипломатски односи кои се заокружуваат во јануари 2014 година, се доказ за искрениот пријателски однос меѓу двете држави.

Како што се наведува во соопштението, воедно уште еднаш ја повтори поддршката на Република Македонија во однос на спорот за името со Грција, и потенцирајќи дека политиката за овој проблем ја определува народот и решението е во него.

Во однос на економската соработка искажа уверување дека руските компании и во иднина ќе продолжат со соработката со Република Македонија, благодарејќи на добрата економска клима.
Двете страни, како што се посочува, искажаа уверување дека во иднина билатералните односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација ќе го задржат високиот степен на пријателство и разбирање и ќе продолжат да се развиваат на најдобар начин.
Претседателот Вељаноски, пратеници од македонскиот Парламент и гостите од Руската дума присуствуваа и на презентацијата на подлистокот „Руска реч“, кој излегува двапати месечно во весникот „Нова Македонија“.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти