Вељаноски на Конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Од:

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски денеска учествува на 6. Конференција на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан во Будимпешта, на покана на претседателот на националното Собрание на Унгарија, Ласло Ковер.

Вељаноски се обрати на првите две конференциски сесии „Интеграција во ЕУ:резултати и аспирации“ и „Безбедносни јавни политики за соработка во Западен Балкан: Придонес за европската стабилност“. На втората сесија беше ко-претседавач заедно со домаќинот на конференцијата Ковер.

Во текот на двете сесии, соопшти собраниската прес-служба, поголем дел од говорниците го потенцираа значењето од што поскоро отпочнување преговорите на Република Македонија со Европската унија, како и заслуженото членство на Македонија во НАТО.

Во рамки на конференцијата, според соопштението, Вељаноски остварил повеќе билатерални средби, меѓу кои со своите колеги од Унгарија и Албанија, Ласло Ковер и Илир Мета, со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Бранко Радуловиќ, како и со почесниот гостин на конференцијата, Игор Радојчиќ, претседател на Народното Собрание на Република Српска.

– На средбите соговорниците разменија мислење за актуелните теми и случувања во државите, за значењето на ваков вид настани за унапредување на регионалната соработка и дополнителен поттик за заемно помагање и поддршка, како и за значењето на парламентарната дипломатија и интензивирање на соработката меѓу парламентите од регионот на сите нивоа. ЕУ перспективата, членството во НАТО и подготвеноста за размена на искуства во однос на хармонизација со европското законодавството и постигнување на стандардите на Алијансата беа исто дел од темите на кои се задржаа соговорниците, се вели во соопштението.

На 6. Конференција на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан, во Будимпешта, учествуваат и делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата