Вељаноски на дводневна конференција во Никозија

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски утре и задутре ќе учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија, што се одржува во Никозија, Република Кипар.

На дводневната Конференција ќе учествуваат 42 претседатели и потпретседатели на парламенти, како и претседателот и потпретседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и Мигуел Ангел Мартинез.
Претседателот Вељаноски, ќе се обрати на сесиите на тема „Приближување на граѓаните кон ЕУ“ и „Социјална кохезија во време на ограниченост – што може да сторат националните парламенти“.
Во рамки на Конференцијата, Вељаноски ќе оствари и билатерални средби со своите колеги, претседатели на парламенти на држави-членки на ЕУ.

Претседателот Вељаноски, на Конференцијата учествува на покана на претседателот на Претставничкиот дом на Република Кипар, Јанакис Л.Омироу.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година