Вељаноски му се заблагодари на Бан за ангажманот да се интензивира спорот за името

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во Њујорк имаше средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.

Како што изјави Вељаноски по средбата, главни теми на разговор биле процесот на разговори со Грција за надминување на спорот за името на Република Македонија, кој се води рамките на Обединетите нации, како и соработката меѓу Македонија и Обединетите нации во повеќе полиња.

– Средбата и содржината на разговорот што го имав со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун е своевидно продолжение на средбата која ја имавме, заедно со амбасадорот Метју Нимиц во јули минатата година. Во оваа прилика ја искористив можноста да му изразам благодарност на Бан Ки-мун за неговиот активен и клучен придонес за придвижувањето на разговорите за решавање на спорот кој го имаме со нашиот јужен сосед Република Грција, и за значењето за што поскорешно решавањето на ова прашање за наше интегрирање во Европската Унија и во НАТО структурите, изјави Вељаноски.

На средбата, на која присуствуваа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев и Александар Спасеновски, било разговарано и за парламентарната соработка во регионот, како и за можноста парламентарната дипломатија и контактите меѓу пратениците во регионот да се искористат за подобрување на односите на земјите.

– Констатиравме дека парламентарната дипломатија се повеќе станува значаен инструмент за остварување на соработката, конкретно и за поинтензивна соработка со нашиот јужен сосед, при што со користењето на парламентарната дипломатија може полесно да се пристапи кон решавањето на сите спорни прашања. Парламентарната дипломатија може и полесно да ги отвори вратите од формалната дипломатија, изјави Вељаноски.

Претседателот на Собранието Вељаноски истакна дека очекува соработката и средбите со грчкиот парламент да течат во рамките на Процесот за соработка во југоисточна Европа, со кој Македонија е актуелен претседавач. Вељаноски и Бан Ки-мун разговарале и за плановите за средби на ниво на претседатели на Собранието и пратеници меѓу Македонија и Грција. На средбата било разговарано и за развојот на капацитетите на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска