Вељаноски – Лалакос: Жал ми е што не се остварува соработка на парламентарно ниво

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на денешната средба со новиот шеф на грчката канцеларија за врски во Македонија, Теохарис Лалакос изразил жалење што не се остварува соработка на парламентарно ниво, како на претседатели на парламенти, така и на ниво на пратеници и комисии.

Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази надеж дека многу скоро ќе дојде до воспоставување на непосредна парламентарна соработка, потенцирајќи дека парламентарната дипломатија е одличен и сè повеќе користен инструмент за подобрување на соработката и решавање на спорните прашања меѓу државите.

Најавувајќи го неговото учество на Конференцијата на претседатели на Парламенти на членките и кандидатите за членство во Европската унија, што ќе се одржи во април во Кипар, Вељаноски потенцира дека овој самит ќе биде одлична можност за остварување средба со неговиот грчки колега.

Амбасадорот Лалакос, заблагодарувајќи се за топлиот прием истакна дека ќе ги пренесе пораките до претседателот на Парламентот на Грција, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

Вељаноски истакна дека очекува на Самитот на претседатели на парламенти кој во мај оваа година треба да се одржи во Македонија, во рамките на Процесот на соработка во Југоисточна Европа, со кој претседава земјава, исто така да дојде до средба меѓу двата претседатели на парламенти.

На крајот Вељаноски ја потенцираше отвореноста на Собранието за соработка, и отвореноста на неговиот кабинет за непосредна и континуирана комуникација и соработка со канцеларијата за врски на Република Грција и Република Македонија.

Во изјава за новинарите по средбата Лалакос рече дека е дојден овде со многу позитивен дух и се радува на соработката со сите во во земјата.

Прашан дали е оптимист дека во неговиот мандат ќе се реши прашањето за името Лалакос вели дека искрено се навдева на тоа.

– Тоа е моја искрена надеж, секако, се надевам, рече Лалакос.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата