Пратенички прашања без опозиција? Мнозинството ќе прашува, Владата ќе се фали

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски за 30 октомври ја закажа првата седница за пратенички прашања во новиот парламентарен состав, откако поминаа сто дена од формирањето на последниот владин Кабинет.

Кого ќе прашуваат пратениците, или поточно кому ќе одговара Владата? Во театарот на 3 октомври пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ќе си ги прашуваат своите министри, од кои, како што покажува досегашното искуство веќе добиле прашања, овие 10 минути ќе елаборираат и ќе се фалат. Пратеникот, се разбира, ќе биде одушевен и задоволен од одговорот, но сепак ќе постави дополнително прашање, за да може уште еднаш министерот да поентира и да се допофали. Потоа пратеникот од ДУИ, исто ќе постави прашање до својот министер, и следува истата постапка.

Роза Топузова Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, трите пратенички-„опозиционерки“, исто како и досега, со своите прашања и ставови, ќе го „растурат“ премиерот.

Пратеничките прашања се инструмент за контрола на пратениците врз Владата. Кај нас, никогаш не чувме пратеник од владеачкото мнозинство да се осмели да постави реално или критично прашање до Владата.

Затоа се поставува прашањето, кој ќе биде ефектот и полезноста од пратеинчките прашања на 30 октомври? Глумење демократија пред странците? Не поминува, затоа што не прочитаа.. Работење согласно Закон и Деловник? Па и тие, одамна многу пати се погазија .

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година