Вељаноски ја прифати иницијативата на претседателот Иванов

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ја поддржа иницијативата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа.

– Ве известувам дека ја поддржувам секоја иницијатива која може да допринесе за продолжување на политичкиот дијалог и повторното работење на Собранието на Република Македонија во полн состав, и која може да помогне во утврдувањето на фактите и градењето на мерките на доверба меѓу политичките субјекти застапени во Собранието на Република Македонија, вели Вељаноски во одговорот до Иванов.

Добро е, додава претседателот на македонскиот Парламент, иницијативите за разрешување на актуелните политичките случувања да почиваат на добрата волја и да бидат комплементарни со нашите востановени парламентарни приоди и постапувања за политичките спорови и инциденти кои не можеле да се разрешат по пат на редовен парламентарен политички дијалог.

– И во оваа прилика би сакал да ја повторам и потенцирам мојата убеденост дека Република Македонија има политички и парламентарен капацитет да ги надмине сите политички несогласувања, истакнува Вељаноски во одговорот на иницијативата на македонскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата