Вељаноски ја повика опозицијата да се врати во Собранието

Од:

Јавно во секоја прилика ќе ги повикувам пратениците од опозицијата да се приклучат на работата на Парламентот, изјави денеска претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

– Искрено очекувам и посакувам да се вратат во Собранието и се што е во моја надлежност ќе направам. Не е убаво во Собранието да нема опозиција, изјави Вељаноски, кој денеска имаше прва средба со новинарите по неговиот повторен избор за претседател.

Следната седница на Собранието ја најавува за крајот на следната или почетокот на последната недела од јуни  на која треба да се донесат одлуки за бројот на потпретседатели, чиј број според Законот за Собранието е тројца, за формирање работни тела… Потоа Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе пристапи кон кадровските решенија, односно предлозите за претседатели и членови на комисиите и другите собраниски тела.

Работата на Собранието не смее да биде закочена, но првин треба да видиме што ќе се случи и дали опозициските пратеници поднесат оставки или не, вели Вељаноски.

Појаснува дека доколку опозицијата не учествува во работата на Собранието, односно нивни пратеници не претседаваат со комисиите и другите собраниски тела, тој како претседател на законодавниот дом ќе мора со овластување да назначи кој ќе ги води тие тела.

Доколку не поднесат оставки и не доаѓаат на работа шест месеци во Собранието, со двотретинско мнозинство Собранието може да им го одземе мандатот на пратениците од опозицијата.

Доколку, пак, поднесат оставки, тој е должен за тоа да ја извести Државната изборна комисија со писмо.

Вељаноски најавува дека од почетокот на следната година во функција ќе бидат ставени новите простории на Парламентот и оти ќе завршат работите на реконструкцијата, адаптацијата и зајакнувањето на зградата, на што е особено горд.

– Законите ќе се сменат, а градбата ќе остане, вели претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски