Вељаноски ја избрка Рангелова од говорница: Држи прес-конференција во Сала 3

Од:

Претседавачот Трајко Вељаноски не ѝ дозволи на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова да држи класична прес-конференција од собраниската говорница.

– Госпоѓа Рангелова, ве молам, прес-конференција во Сала 3, не тука, рече Вељаноски.

Рангелова кажа дека претходно пратеничката од СДСМ, Татјана Прентовиќ зборувала надвор од темата, а Вељаноски ѝ одговори дека затоа побарал пауза од половина час.

– И јас барам нова пауза од половина час. Дозволете ми да се доискажам, само една минута, рече Рангелова.

Вељаноски ѝ повтори дека од собраниската говорница не може да држи прес-конференции и дека слободно може да си закаже прес конференција, по што ѝ го изгасна микрофонот.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on