Велјаноски и го исклучи микрофонот на Шеќеринска

Од:

Претседателот на Собранието и го исклучи микрофонот на Радмила Шеќеринска. Рече дека тоа го сторил бидејќи и завршиле предвидените 10 минути за дискусија по Извештајот на Агенцијата за администрација за 2011 година.

Шеќеринска поради негодувањето и дофрлањето на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, инсистираше да добие дополнително време, што Велјаноски не го дозволи.

Реакцијата на дел од пратениците беше, бидејќи Шеќеринска посочи дека во администрацијата работат и партиски војници со несоодветно образование, и праша дали и дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се препознава тука.

30 проценти од администрацијата се без потребното образование, рече Шеќеринска , а бројот на административците е зголемен за 50.000 нови. Го праша Велјаноски дали реагира бидејќи и неговата ќерка е така вработена.

„Покажавте малку култура. Од вас не очекував ваква дискусија“, одговори претседателот на Собранието.

Павле Трајанов се посомнева во бројките, бидејќи, како што рече, тоа би значело за 300 милиони денари зголемен буџет. Шеќеринска му посочи дека тоа не се бројки од рака, туку се податоци од официјален документ на владата.

Гласањето, поради немање кворум, е презакажано за в понеделник.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието