Вељаноски го прими новоименуваниот албански амбасадор Бушати

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска имаше протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Албанија во Македонија Петрит Бушати.

Како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, на средбата тој ја потенцирал досегашната успешна парламентарна соработка помеѓу двете држави, изразувајќи притоа задоволство од официјалната посета на Република Албанија минатата година и ја истакнал заложбата за интензивирање на натамошните контакти, како на ниво на средби на претседатели, така и на ниво на комисии и пратенички групи за соработка.

– Амбасадорот се согласи дека парламентарците секогаш можат да придонесат во надминување и решавање на спорни прашања, помагајќи во подобрување на односите меѓу две земји. Исто така Бушати изрази надеж дека претседателот на Собранието на Република Албанија Илир Мета ќе оствари возвратна официјална посета на Република Македонија, се вели во денешното соопштение.

Двајцата соговорници се согласиле дека Република Македонија и Република Албанија имаат одлична билатерална соработка, пријателски односи и изразиле желба таквата соработка да продолжи со реализација на нови проекти и размена на нови идеи.

Како особено ја посочиле заедничката соработка и размена на искуствата на патот на европската интеграција, како единствена алтернатива за земјите од регионот.
Во однос на евроинтеграциите, Вељаноски изразил надеж дека наскоро Република Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Унијата.

На средбата се разговарало и за натамошен развој на патната и железничката инфраструктура, која, според соговорниците, е од огромно значење за успешно поврзување на двете земји што води до поуспешна економска соработка, како и соработка на сите полиња од заеднички интерес. Како собено значаен бил потенциран проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид и Требеништа-Ќафасан.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска