Вељаноски е должен да укаже дека доцнат роковите за буџетот

Од:

Обврска на претседателот на Собранието е да ја следи динамиката на работење и да укажува дека со таквото екстензивно темпо ниту Комисијата за финансирање и буџет ќе ја заврши работата навреме, ниту согласно деловничката постапка Владата на Република Македонија навреме ќе може да достави предлог Буџет на седницата закажана за 24 декември 2012 година.

Ова се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот на Собранието во реакцијата на писмото што денеска до првиот парламентарец Трајко Вељаноски го упати поптпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.

– Од самото писмо може да се заклучи дека потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски свикал прес-конференција не за да ги предочи роковите и динамиката за донесување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година, туку со намера постепено да ја подготви јавноста за недонесување на Буџетот односно за временото финансирање на државата во наредната 2013 година, се наведува во соопштението.

Ако намерата била поинаква, се истакнува во него, тогаш Јовановски ќе бил попрецизен во опишувањето на работната атмосфера во Комисијата за финансирање и буџет и ќе морал да објасни како ако за првите четири работни дена амандманска расправа поминале само 79 амандмани, за 14 работни дена расправа ќе поминат поднесените вкупно 1.225 амандмани.

Би можело да ве интересира

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он