Вељаноски бара од Иванова да закаже нова седница на Комисијата за труд

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска испрати писмо до претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Цветанка Иванова барајќи од неа, согласно член 120 став 2 од Деловникот, до утре да свика седница на чиј дневен ред би биле деветте предлог-закони за кои вчера имаше барање и од третина од пратениците-членови на ова собраниско тело.

Претходно Вељаноски, како што информираат од неговиот Кабинет, испратил допис до Иванова во кој ја информира дека во однос на овие закони изминале сите рокови. Доколку претседателката на Комисијата не свика седница за овие закони, согласно членот 120 став 3 од Деловникот, претседателот Вељаноски од понеделник ќе закаже заседание на ова собраниско тело.

Иванова денеска за МИА рече дека останува на вчерашната изјава оти нема да свика седница се додека не бидат разгледани 15.557 амандмани за законот за бранители, оти сите закони треба да имаат ист третман и дека претседателот на Собранието ќе сноси одговорност за се она што натаму ќе се случува и со Комисијата и со законот за бранители.

Вчера седуммина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ побараа на седницата да бидат разгледани Предлог-законот за дополнување на Законот на пензиското и инвалидското осигурување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, двата по скратена постапка, Предлог-закон за упатување работници од РМ во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи во второ читање, измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на трудот во второ читање, на Законот за агенциите за привремени вработувања, на Законот за работните односи, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување сите во прво читање и Предлог-закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост во прво читање.

Со носењето на законот за дополнување на Законот на пензиското и инвалидското осигурување треба да се овозможи мартовското зголемување на пензиите најавено од Владата.

Би можело да ве интересира

Во Собранието пратенички прашања – први на новиот парламентарен состав

Катерина Ѓуровски

Катерина Димитровска e новата пратеничка во Собранието

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Собранието доби „глува соба“ за доверливи документи

Катерина Ѓуровски

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите