Велија Рамковски бара да се поништи пресудата за „Пајажина“

Од:

„Целта на случајот Пајажина беше да се затвори А1 телевизија и весниците“, изјави Велија Рамковски, кој денеска на јавната седница во скопска Апелација побара пресудата за случајот „Пајажина“ да биде поништена.

Рамковски е осуден од првостепениот суд на 13 години затвор. Неговата ќерка Емел која е осудена на шест години затвор и денеска рече дека ниту во Македонија ниту во Турција сторила некаков криминал. Таа потенцираше дека поради притворот 25 месеци е одделена од своите деца. Амди Рамковски пак рече дека единствена причина поради која е осуден е тоа што е брат на Велија Рамковски.

Поранешниот директорите на А1 уверуваа дека ниту правеле ниту знаеле за криминал.

„Ве молам во мое и во име на мојата фамилија и двете малолетни деца како и во име на правдината разгледајте ги моите аргументи и она што го посочи мојата одбрана. Единствено што барам е фер судење“, истакна на крај Дарко Перушевски.

Не сум криминалец, а овие две години ме чинеа здравје, егзистенција и кариера. Барам фер судење, рече Анета Кочишки осудена на две години и три месеци.

Апелациските судии во наредните неколку недели ќе ги анализираат забелешките на обвинителството и одбраната и ќе ја подготвуваат правосилната пресуда.

Би можело да ве интересира

Џиновска пајажина на брегот на езеро во северна Грција

Ана Ололовска

Емел, ќерката на Велија Рамковски излезе од затвор

А1он

Еден судија против затворските казни во „Пајажина“

Ана Ололовска

Одбраната во „Пајажина“ ги презентира аргументите

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Рамковски и случајот „Пајажина“ на Апелација

Кејт Мидлтон

ВИДЕО: Апелација ја одложи „Пајажина“ за 17-ти јануари

Ана Ололовска