Велигденски хепенинг во Ресен

Од:

На градскиот плоштад „Цар Самоил“ во Ресен денеска во пресрет на велигденските празници се одржа традиционалната манифестација „Велигденски хепенинг“.

На манифестацијата учествуваат повеќе стотина ученици од петте основни училишта и од детската градинка „11 Септември“ кои на повеќе од 30 штандови ги претставија преспанската традиционална велигденска храна, велигденските јајца и украсните декорации.

Во рамки на манифестацијата се одржа и ликовна работилница на тема „Велигден“ на штандот на Домот на културата, а програмата беше збогатена со културно-забавна програма со солистички настапи на деца од регионот и на хорот „Рибарчиња“ од Охрид.

Најинтересна беше маскотата во вид на јајце на која над 500 граѓани имаа можност да закачат ливче со желба и порака.

– И оваа година, Општина Ресен во соработка со Домот на културата ја продолжува традицијата за организирање на оваа манифестација која е омилена меѓу граѓаните бидејќи во неа сите се активни учесници од децата, нивните родители, бабите и дедовците се до самите училишта, што само по себе на манифестацијата и дава еден силен локален карактер. Традиционално, со оваа манифестација ги започнуваме и велигденските празнувања во Преспа кои отсекогаш биле синоним за јакнење на духовните и семејните вредности во Преспа, изјави градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.

Манифестацијата ја организира општина Ресен во соработка со Домот на културата „Драги Тозија” од Ресен.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението