Велигденски хепенинг по седми пат во Ресен

Од:

По седми пат во Ресен, традиционално на Велики четврток, ќе се одржи Велигденскиот хепенинг, во организација на Домот на културата „Драги Тозија“ и Општина Ресен.

На градскиот плоштад ќе бидат поставени голем број штандови, на кои посетителите ќе може да купат од изложените производи, најмладите да цртаат и да се забавуваат, да ги лепат своите пораки на големо движечко велигденско јајце, односно артист маскиран во велигденско јајце.

Манифестацијата ќе биде збогатена со културна програма на која ќе настапат солисти од детскиот хор „Ѕвончиња“ од Битола, во придружба на Андријана Думевска, како и дел од учесниците од фестивалот „Рибарче“.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението