Велигденска честитка од ВМРО-ДПМНЕ до православните верници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Воскресението Христово – Велигден на православните христијани во Македонија.

– Овој светол празник е ден кога доброто победува над злото, а животот ја победува смртта. Ова е ден кога кај секој од нас повторно се раѓа надежта за подобар свет, за подобро утре. Блаженството и спокојот кои ги носи овој празник да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили, нашите роднини, соседи, со нашите пријатели.  Велигден е Ден на радоста, која извира од секој храм, од секој дом, од душата на секој верник.

– Велигден е денот кога го славиме животот и ден кој не потсетува на потребата својот живот да го поминеме исполнет со љубов и духовен мир, со почит кон семејството, но и толеранција и разбирање кон другите.

– Само во тој дух можеме да ја исполниме целта на сопствениот живот, но и да придонесеме кон благосостојба и напредок на другите околу нас, да придонесеме за просперитетна и духовно побогата Македонија, стои во честитката на владејачката партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски