Величковски: ВМРО-ДПМНЕ, отворете го, не срцето, туку умот!

Од:

СДСМ и коалициските партнери предлагаат измени на Законот за регистрирање на готовински плаќања, или намалување на драконски високите казни за малите и средни претпријатија, и воведување и мерка опомена пред паричната или казната со затворање на фирмата.

Ова велат е за зачувување на малото стопанство

Предложената мерка за власта е неприфатлива и популистичка.

„Политиката во однос на малите и средни претпријатија е дискриминирачка. Вие ги браните само големите компании кои можат ваквите санкции да го издржат. Но во малите е 70 % од работната сила. Овие претпријатија изложени се на политика на арач за да го полнат буџетот.Недостатокот го покривате со нови и нови задолжувања. Создавате нов вид криза. Затоа и излезе Ставревски и ќе рече дека денарот е стабилен. Но овие шпекулации доаѓаат од ваши извори“, укажа Ивон величковски од ЛП.

На колегите од ВМРО-ДПМНЕ им порача:Отворете го не срцето туку умот!

Јордан Пачков oд ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекувал поконкретно да се дебатира за законот . Тенденција е, посочи, да имаме правна држава

„Не може во нерамноправана политика да ги ставите субјектите на пазарот“, рече Пачков.

„За која правна држава говорите вие, кога ВМРО-ДПМНЕ должи 4 милиони евра за изборната кампања, и тоа една година по завршување на изборите. Немојте вие да зборувате за тоа. Инспекторите не се виновни. Јас ги замолувам креаторите на штетните решенија да го укинат ова“, врати величковски.

За Силвана-Бонева, инспекторите се несовесни и не го спроведуваат целосно. ВМРО-ДПМНЕ, рече, не собира арач

„Неможејќи по магарето, по самарот удирате. Сега инспекторите ви се виновни.Не се инспекторите виновни туку вие“, рече Величковски.

Владанка Авировиќ ја обвини опозицијата дека сака да ја заштити сивата економија, дека опозицијата зборува небулози и создава паника дека ни се заканува Грција.

„ Има ли нешто побезобразно од тоа Владанка Авировиќ да говори дека е против сива економија, кога цело семејство и живее на државна каса, а нејзиниот партиски шеф, шеф цело Кратово го држи и Силекс компанијата дели бонови“, праша Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште