Величковски предлага пушење и во затворени простории

Од:

Либералот Ивон Величковски предлага либерализирање на законските одредби за заштита од пушењето.

Со Предлог законот, за кој ќе расправаат пратениците се овозможува пушењето во затворени простории во угостителски објекти што располагаат со вентилациски системи, и тоа во угостителски објекти во кои се служи храна и пијалок (објекти во кои се произведува, подготвува, служи, продава или консумира храна, интернет-кафиња, кафеани, кафетерии, ноќни барови, кафе барови, кабареа, дискоклубови и пивници, објекти во кои се сместуваат гости, објектите во кои се организираат игри на среќа, посебни установи утврдени со овој закон (психијатриски болници, установи каде се сместуваат неподвижни, стари, изнемоштени лица, лица со пречки во развојот и во казнено-поправните домови, арестантските одделенија и затворите, отворени и затворени трговски центри и станици за пристигнување и заминување на патници во јавниот превоз.

Во Законот се утврдени правила за спроведување и казнени одредби за напочитувачите.

Ова ќе биде тема за која ќе има спротивставени мислења и кај пратениците, бидејчи и тие беа казнувани поради пушење во просториите на Собранието.

Либерализацијата на законските одредби за заштитата од пушењето може да биде дополнителен поттик за зголемување на економската активност на угостителските претпријатија.

Величковски вели дека од 1995 година наваму, воведувани се се построги правила на заштитата од пушењето , а правото на здрава животна средина не го ограничува правото на слобода на изборот на пушачите.

Од воведувањето на Законот за заштита од пушењето до денес, а особено од неговите измени од 2008 година, според предлагачот нема релевантни податоци за намалување на заболувањата кои се претпоставува дека се поврзани со пушењето, бројот на случаи на кардио-васкуларни и респираторни заболувања, како и лицата со канцерогени заболувања, а особено рак на белите дробови и натаму е во тренд на зголемување.

Констатира дека причините за зголемувањето на бројот на овие случаи не може да се бараат само во пушењето, што ригорозните мерки на заштита од пушењето во јавните простории, а особено во угостителските објекти, ги прави излишни.

Законските решенија и нивната примена во земјите-членки и кандидати за членство во Европската Унија исто така укажуваат на разликите што постојат во уредувањето на оваа материја. Франција, Италија, Бугарија, Словенија… на пример применуваат легеслатива слична на постојните решенија во нашата земја. Истовремено, други држави-членки на ЕУ (Австрија, Германија, Чешка, Хрватска…) или земји-кандидати (на пример Србија) имаат далеку помалку ригорозни решенија според кои пушењето во јавни објекти, односно особено угостителски објекти е дозволено на начин уреден со закон.

Законот е на пленарната седница закажана за 22 јули.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште