Велевски во Могила ветува проекти за намалување на невработеноста

Од:

Создавање подобри услови за живеење подеднакво во сите населени места во општината, и поквалитетна услуга кон граѓаните и во наредниот период ќе бидат главните и клучните активности во работењето на локалната самоуправа, најави денеска на прес-конференција Славко Велевски, кандидат за градоналачник на Општина Могила од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ветува изградба на нови патишта, подобрувањето  на условите во образованието, со реконструкција на училишните згради, изградба на нови и реконструкција на постоечките водоводи, училишни спортски сали, повекенаменски игралишта, поставувањето автобуски стојалишта, детски забавни паркови за најмладите,…

Ќе се изработува, најави, убанистичка планска документација за населените места и индустриската зона кои треба да го поттикнат локалниот економски развој и  да придонесат за намалување на невработеноста.

Според него, годинава се планира реконструкција на дел од локалниот пат од Долно Српци до Беранци како и доградбата на локалниот пат за село Путурус, а ќе се врши и реконструкција на главната улица во Могила со изградба на тротоари. Тротоари кесе градат и во другите населени места.

– Со изградбата на национална гасоводна мрежа со тоа што трасата на главната гасоводна мрежа поминува низ општина Могила  ќе овозможиме гасификација на  општината. Ќе се уредува индустриската зона во Петилеп, наведе Велевски, набројувајќи ги проектите од изборната програма.

Би можело да ве интересира

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски