Велевски: Кавадарци е наш дом, време е за достоинствена иднина, без корупција и крупни бизниси

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Виктор Велевски, од трибината во Кавадарци ја побара довербата од граѓаните со порака дека борбата за Кавадарци е борба за европски град и достоинствена иднина, ослободена од корупција и крупни бизнис интереси.

„Кавадарци е нашиот дом, а битката за него е битка за социјална правда, права на работниците, перспективи и иднина на младите и претставува наша должност за да го одбраниме градот пред налетот на корумпираните олигархиско-бизнис интереси на крупниот капитал, корупцијата и криминалот“, рече Велевски.

Тој порача дека нема отстапување и нема компромис кога се работи за иднината на градот и иднината на новите генерации.

Во неговата визија, европско Кавадарци се темели на конкретни и остварливи проекти, базирани на реални потреби на граѓаните:

„Веднаш по преземањето на Општинската власт, заедно со тимот на советници ќе воведеме агро-берза со цел да му олесниме на нашиот земјоделец“, порача Велевски.

Меѓу најавените проекти се: зелена обиколница (зелен прстен) околу градот, гасификација за поевтино греење и почист воздух, изградба на современа пречистителна станица за заштита на Луда Мара, намалување на комунални сметки, олеснување за млади брачни парови со ослободување од комуналии, изградба на бизнис центар и старечки дом, поевтин и поквалитетен паркинг и јавен превоз, бесплатна градинка за семејства со ниски приходи, субвенции за заштитна опрема за земјоделци.

Велевски повика на обединување, со порака дека: „Кавадарчани се остроумен и паметен народ и сами го гледаат тоа што ДПМНЕ го вети и не го . направи. Затоа барам од вас да ги збиеме редовите, да бидеме вистински социјалдемократи затоа што ние немаме резервен дом. На 19. октомври да гласаме за број 5“, порача Велевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски