Велешани пијат вода со фекалии, отровни и канцерогени материи

Од:

„Фекалии од неколку  села во општина Чашка,каде живеат 4.000 жители и се одгледуваат 6 илјади грла добиток , се слеваат во реката  Тополка и преку неа завршуваат во  езерото Лисиче од каде велешани пијат вода“, оваа шокантна информација ја објави ТВ Телма.

И што е пострашно,  спитувањата на Заводот за здраствена заштита покажале дека во акумулацијата има отровни материи и нивното количество постојано се зголемува.

Двајцата градоначалници на Велес и на Чашка  бараат време или пак нудат сега решение за нов колекторски систем.

И уште смируваат дека водата која ја  велешани  е со задоволителен квалитет.

„Сепак, според наодите на Заводот во неа има канцерогени материи кои се создаваат токму со мешање на  отпадот со хлорот кој треба да ја чисти водата,кои засега се во граници на контролирано ниво“, објави ТВ Телма.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар