Велешанец повреден од неисправна гасна инсталација за проточен бојлер

Од:

Велешанец во својот дом на ул. Христо Татарчев“ во близина на ООУ „Васил Главинов“ во бањата синоќа, 20 – тина минути по полноќ се здобил со повеќе изгореници на лице и раце од експлозија која настанала од неиправна гасна инсталација на проточен бојлер.

Повредениот 48 годишен К.Б.веднаш со возило на Итна помош бил однесен во велешката Општа болница каде му биле санирани повредите и е задржан на понатамошно лекување.

Како што информира д-р Весна Неделковска Николова пациентот се здобил со изгореници од прв и втор степен на лице и на двете подлактици,а има и отворена рана на левата подлактици, но е вон животна опасност.

„Повредите и раната му се обработени и санирани и оставен е на лекување во Хирушкото одделение при велешката Општа Болница“,информира д-р Неделковска Николова.

Настанот за МИА го потврди и портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски чија екипа на СВР Велес направила увид во несреќата.

На местото на настанот била повикана и екипа на Територијалната противпожарна единица. Оттаму информираат дека бидејќи немало пожар при експолозијата, немало и потреба од нивна интервенција.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка