А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Велешанец паднал од мотор и бил прегазен од камион, во многу тешка состојба префрлен на скопските клиники

by А1он01/07/2020 - 11:5401/07/2020 - 12:40513
Share0

Кај игралиштето во населбата Тунел во Велес, утрово, околу 7 часот, 56-годишен велешанец паднал од мотор и притоа бил прегазен од камион, потврдува за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Добивај вести на вибер

Прва помош на повредениот му дала екипа на брзата помош која со возило итно го однела во Општата болница во Велес.

Како што информира за МИА портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, 56-годишен маж бил донесен кај нив со тешки телесни повреди на глава и врат, веднаш бил интубиран и реанимиран и во коматозна состојба околу 8 часот итно бил префрлен на хируршката клиника во Скопје.

Д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ „Здравствен дом“, информира дека од медицинската екипа на брзата помош на местото на настанот кај повредениот констатирала тешки телесни повреди на глава и главина. Имобилизиран бил со шансова кравата и во мозочна кома и итно бил транспортиран во Општата болница во Велес.

Од СВР Велес, како што информира Додевски, полицијата направила увид на настанот и ги утврдува причините за несреќата.

hronika

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:31

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:5621/03/2026 - 14:59

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:15

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:29

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 08:24

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто