Велешанец остана без 18.000 денари кои ги дал за наводни огревни дрва

Од:

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне 76-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18 илјади денари.

Измамениот пријавил дека маж дошол во неговиот двор и му понудил да му продаде шест кубни метри огревно дрво по цена од три илјади денари за кубен метар или за вкупна сума од 18 илјади денари, информираат денеска од СВР Велес.

Оттаму појаснуваат дека измамениот му поверувал и му ги дал парите по добиено ветување од измамникот дека заминува за да ги товари дрвата. Измамникот заминал и не се вратил.

Од СВР Велес информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

А1он

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски