Вечерва седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница, на која се очекува да бидат потврдени одлуките од вчерашниот состанок на Извршниот комитет на најголемата опозициска партија.

Централниот комитет е највисокиот одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, а седницата треба да почне околу 7:30.

ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот состанок на ИК постави три барања – техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот.

На состанокот беше истакнато дека партијата не го признава резултатот од референдумот, а договорот од Преспа го смета за политички мртов и празно слово на хартија.

Како што веќе објави МИА, од функцијата заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ синоќа беше разрешен Петар Богојески, кој е дел од  иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ се движи во апсолутно погрешен правец, во бездна, актуелното раководство е поврзано со структури во земјата кои ги контролира Русија, истакна Богојевски вечерва во интервју за 24 Вести.

Богојевски беше отстранет поради непрофесионално работење, но тој вели дека е разрешен поради непомирливоста на двата концепта – неговиот за демократизација, модернизација и европеизација и другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ.

– Мојот концепт е Западот, прозадната ориентација. ВМРО-ДПМНЕ фати погрешен концепт, кон Истокот, мора да најдеме начин да ја смириме топката и да фатиме правец, рече тој вечерва.

Вели дека влијанието на поранешниот лидер Никола Груевски е се уште присутно во партијата.

– Духот на Груевски, да не ме разберете погрешно тој е жив и здрав се уште присутен во ВМРО-ДПМНЕ, рече Богоевски и додаде дека ретко ја посетува „Белата палата“, токму поради присуството на таквите емоции.

Тој истакна дека од партиските функции можно е да бидат разрешени и Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кои гласаа на референдумот, Драган Данев, Даниела Рангелова, како и членот на ИК Костадин Богданов.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски