Вечерва пристигнуваат и последните македонски граѓани евакуирани од Авганистан

Од:

Од Лондон преку Цирих вечерва на Меѓународниот Аеродром – Скопје, во 19:30 пристигнуваат 20 наши граѓани кои претходно беа евакуирани од Авганистан, но поради ковид мерките беа во карантин во Свиндон, Велика Британија. Заедно со последните двајца наши државјани, евакуирани од Авганистан, кои се очекува да слетаат исто така вечерва во Скопје во 1:30 по полноќ, завршува процесот на репатријација на нашите граѓани од Авганистан.

Министерството за Надворешни работи започна посебна акција за евакуација на нашите државјани од Кабул, за што беше формирана и посебна работна група во рамките на МНР. Акцијата за евакуација започна во неделата, на 15 август, со првата група граѓани кои беа евакуирани за Доха, Катар. После неколку дена, сите граѓани беа евакуирани од Авганистан, а во изминативе две недели, преку преку Абу Даби, Осло и Лондон, сѐ до денес, сите наши граѓани се вратени во земјава.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

ВИДЕО: Страотни снимки ја покажуваат силата на земјотресот во Авганистан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Стотици мртви во разорниот земјотрес во Авганистан, спасувачите бараат преживеани во урнатините

Катерина Ѓуровски

На Авганистанците им е забранета љубовна поезија и критика на власта

А1он

Шојгу: Талибанците ќе добијат помош од Русија, ситуацијата во Авганистан е тешка