Вечерва одлука дали СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе настапат заедно во Струга

Од:

Струшките социјалдемократи вечерва според информации на А1 ќе донесат конечна одлука дали ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Струга, и како ќе се однесуваат на следните локални избори на 24 март кога е во прашање оваа општина.

Во меѓувреме според информации на А1, изминативе два дена се разгледувала можноста дали постои начин кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ од Струга да поднесат изјави дека се откажуваат од кандидатурите за советници и со тоа да се отвори правна можност СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Струга да излезат со заедничка советничка листа, како што беше и барањето на СДСМ за да тие пак го подржат Владо Кочовски кој ВМРО-ДПМНЕ го предложи како кандидат за градоначалник на Струга.

Претседателот на СДСМ во Струга, Ристе Чушкоски за А1 рече дека тие остануваат на предлогот кој вчера официјално го соопшти Игор Ивановски

Моментално се работи на тоа со ВМРО-ДПМНЕ да одиме со заедничка листа и да го подржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите на таа листа би биле мешани од двете партии и тоа е нашиот последен предлог. До утре се треба да биде познато, рече Чушкоски.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лиљана Затуроска за А1 рече дека законски не било можно тие да се откажат од својата советничка листа.

Ние го испочитувавме рокот на ДИК, и затоа не може сега да се повлекуваат листите. Законски тоа не е возможно. Сега останува како опција СДСМ да си пријават своја листа. Од страна на опозицијата добивме уверување дека ќе го подржат нашиот кандидат. Разговаравме со нив на локално ниво и ни кажаа дека ќе го подржат, рече Затуроска.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618