Вдоми – не купувај!, акција за вдомување бездомни кучиња во стационарот „Вардариште“

Од:

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните – 4 Октомври, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во периодот од 4 до 10 октомври 2018 година, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“.

Во овој период, вратите на Стационарот ќе бидат отворени од 9 до 19 часот за сите љубители на животните кои сакаат да си одберат куче за вдомување.

Кучињата во моментот се наоѓаат во Стационарот „Вардариште“ и чекаат да бидат вдомени. Овие 60 кучиња се прегледани од страна на ветеринарен доктор, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.

Ги повикуваме љубителите на животни кои планираат да купат миленик, да го посетат Стационарот „Вардариште“ и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие кучиња. На сите заинтересирани граѓани, кучињата им се отстапуваат без паричен надоместок.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Бизнис во Гази Баба: Превозници им наплаќаат на граѓани по 4.000 денари за кабаст отпад, а го расфрлаат на улица, наместо на Вардариште

Орце Костов

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

Орце Костов

Пожар на скопската депонија „Вардариште“

ВИДЕО: Спасено куче кое било фрлено во скопска шахта, се заплеткало и ги изгризало каблите за струја

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кучето кое битолчанец го застрела со пушка остана живо

Искра Манојлоска