Вчера во Србија отишле над 6 илјади македонски граѓани, вакцинацијата за странски државјани продолжува и денеска

Од:

Во Србија, на белградскиот саем и во Ниш продолжува вакцинацијата на странските државјани, а и денеска голем број македонски граѓани заминаа во Белград за да ја примат британската вакцина на Оксфорд,  „АстраЗенека“ против Ковид-19.

Само во текот на вчерашниот ден, до полноќ, на граничниот премин Табановце излез од државата оствариле 6106, додека влез оствариле 6183  македонски државјани, информираа од МВР.

Како што изјавуваат македонски граѓани кои денеска се вакцинирале во Белград, гужвите и редиците за чекање се видно намалени, со оглед на тоа што српските власти апелираа на вакцинација да дојдат само оние лица кои претходно имале закажан термин. Вчера на сите кои изразија интерес за вакцинација, им беше овозможено да примат вакцина во Србија, вклучително и граѓани од Босна и Херцеговина, Црна Гора, па дури и Италија и Германија.

Денеска, на луѓето кои немале закажано термин во Ниш, не им било дозволено да се вакцинираат.

За вакцинација во Србија можат да се пријават странските државјани, кои во апликацијата ќе внесат српски телефонски број. Апликацијата дава можност за избор на вакцина, но може да се случи да се добие термин за вакцина од друг производител, како што е случај викендов, кога илјадници македонски граѓани добија термин за вакцинација со „АстраЗенека“ во Белград.

Лицата кои се вакцинираат прво одговараат на неколку прашања, односно дали прележале Ковид-19, дали се алергични на нешто и дали имаат некое хронично заболување. Процесот трае неколку минути, а на крајот се добива потврда за вакцинација, со закажан датум за примање на втората вакцина. Во случајот со „АстраЗенека“, ревакцинацијата е после 3 месеци.

Вакцинацијата во Србија е бесплатна, а на граѓаните им се бара да приложат пасош како документ за лична идентификација.

Во среда и во земјава почнува процесот на вакцинација, со првите 24 илјади дози на „АстраЗенека“ кои пристигнаа денеска. Први ќе се вакцинираат лицата над 75 години.

Би можело да ве интересира

РИК обработи 8.077 избирачки места: „Студентска листа“ освојува 52,54 отсто, а „Обединета Србија“ 39,29 отсто

Фон дер Лајен и Коста ѝ честитаат на Студентската листа за изборната победа

Горан Наумовски

Странските медиуми за пoразот на Вучиќ: „Сеизмички потрес на Балканот“

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он