Вчера МВР казни 700 возачи за брзо возење

Од:

Вчера Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 700 возачи.

Од нив, 82 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 331 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 369 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Возач од Гостивар „летал“ со 178 километри на час

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Крај за дивеењето во сообраќајот: Возило ќе се одзема за брзини над 70 км/ч во населено место

Србинка е уапсена во Црна Гора – возеше 202 км на час

А1он

Лишен од слобода пијан возач поради „безобѕирно управување со моторно возило“

Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час