Саботата – ден за физички пресметки, во повеќе градови „летаа“ тупаници

Од:

Нетрпеливоста меѓу луѓето или стресниот период кој произлезе од коронавирусот, го зголеми бројот на физички пресметки. Мажи вчера се тепале пред кооперација, пред зграда или дома, но и на улица, жена пак во Гостивар физички нападнала две девојки.

Билтенот на МВР за вчера бележи зголемен број на физички пресметки во Крива Паланка каде браќа со тупаници решавале проблеми, а во село Русиново пред продавница двајца делчевци со тројца помлади од нив мештани си ги „одмериле силите“ со тупаници.

Во Чаир пак, според полицијата, пред зграда, дваесет и двегодишно момче било нападнато со остар предмет, а на паркинг во Аеродром пред кафеана имало тепачка меѓу еден средовечен маж со двајца помлади.

Саботните тепачки не го заобиколија ниту Прилеп каде маж пријавил дека во близина на аптека ем го натепале ем го ограбиле.

Мажи вчера се тепале и во Битола и Врапчиште, а жените во Гостивар, но вчерашниот ден е заокружен со вооружена престрелка на Бит Пазар каде е повреден 48-годишен маж во кого пукале негови познаници.

Би можело да ве интересира

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец