Важноста на водата за здравјето – креативна работилница во кривопаланечкото училиште „Илинден“

Од:

Околу шеесетина дечиња од четврто одделение од основното општинско училиште „Илинден“, Крива Паланка денеска учествуваа на креативни работилници на кои учеа за важноста на редовното консумирање чиста вода и придобивките од свесноста за значењето на водата во целокупното функционирање на човековиот организам.

Работилниците се насловени „Изворска – извор на креативноста“ , а ги спроведува Маркетинг агенцијата „Маркетинг микс“ во соработка со специјален едукатор за обработка на полимерни глини – Марија Манева.

– Важноста на пиење вода и редовно консумирање вода со цел подобри здравствена состојба беше целта на денешните едукативни работилници на кои учениците работеа со поилимерни глини изработувајќи шишенца за вода-магнети, а низ работа и игра учеа за значењето и улогата на водата за нивното здравје. Поради исклучителната важност на темата, овој проект наречен „Извор на креативноста“ се реализира со поддрша на Министерството за образование и наука на Република Македонија и Биро за развој на образованието, а ние како училиште го товоривме вратите за организаторите нудејќи им можност на дечињата за ново и несекојдневно, позитивно–едукативно искуство, изјави Марица Николовска, директор на ООУ „Илинден“, Крива Паланка.

Според Николовска, покрај дечињата кои директно беа вклучени во активностите, пораката од работилниците посредно ќе биде дисперзирана и до поширокиот круг на ученици, наставници и родители.

Покрај едукативниот карактер, работилниците помагаат за развој на креативноста, моторичките и ликовни вештини на дечињата.

Караванот продолжи во основно општинско училиште „Кочо Рацин“, Куманово, а проектните активности опфаќаат околу 1.000 дечиња на возраст од 7 до 15 години од вкупно 12 училишта од Македонија.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски