Василичарскиот концерт во чест на 200 години од раѓањето на Верди

Од:

По повод празникот Василица, Македонската опера и балет вечер ќе го одржи традиционалниот концерт, на кој ќе бидат изведени познати оперски арии, хорски делници и увертири. Годинава концертот е посветен на 200-годишнината од раѓањето на Џузепе Верди.

На програмата се арии од оперите: Макбет, Риголето, Дон Карло, Трубадур, Фалстаф, Симон Боканегра, Бал под маски, Набуко, Травијата. Првпат во Македонија ќе бидат изведени ариите на Нанета од операта „Фалстаф“ и аријата на Амелија од операта „Симоне Боканегра“.

Ќе настапат оперските уметници Славица Петровска-Галиќ, Весна Ѓиновска-Илкова, Благица Поп Томова, Ирена Кавкалевска, Катерина Стојановска, Цветан Стојановски, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Ристе Велков, Владимир Саздовски, Драган Ампов и тенорот од Бугарија Иван Момиров.

Концертот ќе го води диригентката Бисера Чадловска. Настапуваат хорот и оркестарот на МОБ.

Би можело да ве интересира

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Импресивна изведба на шпанскиот тенор Елаис и италијанскиот пијанист Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво