Василичарскиот концерт во чест на 200 години од раѓањето на Верди

Од:

По повод празникот Василица, утревечер Македонската опера и балет ќе го одржи традиционалниот концерт, на кој ќе бидат изведени познати оперски арии, хорски делници и увертири. Годинава концертот е посветен на 200-годишнината од раѓањето на Џузепе Верди.

На програмата се арии од оперите: Макбет, Риголето, Дон Карло, Трубадур, Фалстаф, Симон Боканегра, Бал под маски, Набуко, Травијата. Првпат во Македонија ќе бидат изведени ариите на Нанета од операта „Фалстаф“ и аријата на Амелија од операта „Симоне Боканегра“.

Ќе настапат оперските уметници Славица Петровска-Галиќ, Весна Ѓиновска-Илкова, Благица Поп Томова, Ирена Кавкалевска, Катерина Стојановска, Цветан Стојановски, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Ристе Велков, Владимир Саздовски, Драган Ампов и тенорот од Бугарија Иван Момиров.
Концертот ќе го води диригентката Бисера Чадловска. Настапуваат хорот и оркестарот на МОБ.

Би можело да ве интересира

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов