Василевска до Меџити: Дали владата и министерството за здравство немаат капацитет за справување со проблемите во здравството?

Од:

Денес на Анкетната комисија за онкологија во Собранието прашање до актуелниот министер Меџити постави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска кој што праша дали постои во други држави и како го оправдува министерот постоењето на сегментиран систем за обезбедување и плаќање лекови за пациентите во јавни здравствени установи, дали се почитува ЕУ директивата за транспарентност 89/105, и дали владата и министерството немаат капацитет за справување со проблемите во здравството или тоа сепак на некому лично му одговара.

„Од политички аспект ќе сублимирам две три прашања, ако можете да ми ги одговорите, дали постои во други држави и како го оправдувате постоењето на сегментиран систем за обезбедување и плаќање лекови за пациентите во јавни здравствени установи како што е тоа во нашата држава и ден денес со паралелни системи за обезбедување на лекови? Дали сте размислувале за соединување на сите тие процеси во еден процес? Позитивна листа како што е во другите земји и како што препорачува ЕУ директивата за транспарентност 89/105“ праша Василевска.

„Имаме сознанија дека исти лица и се вклучени како членови во повеќе работни тела, комисии за лекови во министерството за здравство, Малмед, во владата, значи се однесува на зголемувањето на цените, позитивна листа тендери, регистрација на лекови итн., дали тоа точно? Дали сметате дека таквата ситуација е конфликтна самата по себе? прашање пратеничката Василевска.

Василевска праша и дали владина гарнитура, министерството за здравство и институциите од здравствениот систем немаат доволен капацитет за справување со сите предизвици и проблеми или сепак тоа на некој лично му одговара во фармацевскиот сектор.

„Дали на тој начин ќе потврдите дека оваа владина гарнитура министерството за здравство и институциите од здравствениот систем немаат доволен капацитет за справување со сите предизвици и проблеми поврзани со системски прашања или некому лично му одговара таквата поставеност и нефункционалност во фармацевтски сектор и здравствениот систем. Сметам дека најдобро е да се следи текот на парите. На тој начин ќе ги видите и другите проблематики кои се поврзани со овие прашања и ќе го отворите вртлогот“ нагласи Василевска.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага