„Вашингтон пост“: Заев поднесе оставка по разочараноста од незапочнувањето на преговори со ЕУ

Од:

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, денеска поднесе оставка отворајќи можност новиот привремен кабинет да организира предвремени избори, објави „Вашингтон Пост“.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, весникот наведува дека македонските пратеници ја прифатија оставката без многу дебата, пред да гласаат за изборот на техничка Влада која ќе ги организира изборите закажани за 12 април.

– Заев побара предвремени избори изразувајќи разочараност и гнев по одлуката на ЕУ лани да не започне преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, истакнува весникот.

Вашингтонскиот весник наведува дека според договорот со главните политички партии во земјата, актуелниот министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, е именуван на позицијата премиер на привремената Влада.

Социјалдемократската партија на Заев ја освои власта во 2017 година. Во меѓувреме, неговата Влада го реши грчко-македонскиот спор за името на Македонија. Откако Атина и Скопје го потпишаа Преспанскиот договор официјалното име на земјата стана Северна Македонија, а земјата не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ. Франција, подржана од Холандија и Данска, го блокираа приемот на нови земји во Унијата, барајќи реформи на процедурата за зачленување, пишува „Вашингтон пост“.

Би можело да ве интересира

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Фондот за здравство остана без директор од ДУИ: Фатон Ахмети си поднесе оставка

Орце Костов

Наке Георгиев си поднесе оставка: Уште неизбран во Судски совет сакал да го намести за судија и синот Кирил

Орце Костов