Вашингтон и Брисел на различни позиции околу проширувањето на ЕУ

Од:

Постои „повеќе од замореност“ во европските престолнини во однос на проширувањето на ЕУ, изразено преку трансатлантската разединетост по низа прашања освен самото проширување, како Косово и Босна, безбедноста, имиграцијата и влијанието на Русија и Кина – ова беа поентите искажани денеска на виртуелна дискусија за Балканот организирана од „Балкан инсајдер“.

На дискусијата, на која учествуваа Флоријан Бибер од Универзитетот во Грац и Едвард Џозеф од Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор, долгогодишен аналитичар за Балканот.

САД и Европа треба да работат заедно на сите прашање, посебно на оние околу Балканот, за доближување на трансатлнтските разлики во проширувањето и безбедноста, истакна Џозеф.

-Некои прашањето го тргаат настрана да се реши самото. Дали и колку ЕУ центрите ги гледаат граѓаните на Балканот како граѓани на Европа? Избраниот претседателот Џо Бајден неодамна кажа дека Босна е во срцето на Европа, и Балканот е во срцето на Европа, рече тој.

Додаде дека постои кусогледост и самодоволност во многу европски престолнини во однос на проширувањето.

Во врска со запрениот процес за Северна Македонија и Албанија, тој потсети на одолговлекувањето првин од Франција и Холандија, а сега и од Бугарија.

-Ова не е прво одложување, пред тоа беше Франција и тоа после договорот од Преспа. Северна Македонија, (за разлика од Србија на Александар Вучиќ и Унгарија на Виктор Орбан), не е авторитарна земја. Премиерот Зоран Заев презеде храбри историски чекори и неговата влада е реформска, истакна Џозеф.

Додаде дека Франција, „од друга срана ги доби реформите што ги бараше од Северна Македонија. Но, иако добија тоа што побараа, тие сега не испорачуваат тоа што ветија“.

Во Европа постои поделеност и околу прашањето за тоа кој треба да го води процесот на проширување.

-Постојат критериуми за влез во ЕУ, но ако ја погледнете на пример Унгарија, таа ќе биде најлошиот пример за земјите аспиранти за членство.

Сите овие внатрешни дискусии укажуваат дека Балканот не е толку важен за ЕУ, истакна Џозеф.

Се укажа мислење на еден европски лидер дека во некои престолнини постои впечаток дека Балканот служи само како тампон зона за запирање на мигрантите од Блискиот исток.

Овa чувство го споделува и Бибер кој укажа дека во Австрија постојат големи предрасуда кон имигрантите, но дека таа е „голем поддржувач на интеграцијата на земјите како Северна Македонија“.

-Франција од друга страна негува слични предрасуди кон Албанија, но реформите се основен критериум за почеток на преговорите со ова земја, истакна Бибер.

Според Џозеф, најголемата грешка што Администрацијата на Доналд Трамп ја направи е тоа што спроведе трансатлантска соработка за размена на територии на Косово.

-Што стоеше зад идејата за размена на територии? Зошто мислат дека сегашните граници можат да се променат без големи ризици. Мислам дека неуспехот лежи во тоа што не видоа друга алтернатива. И ова не е само грешка на Џо Болтон или Федерика Могерини, коментираше Џозеф.

Според него, Ричард Гренел, специјален претставник на САД за Косово, не успеал да се справи со Вучиќ и „се согласи тој да го држи лостот, а не ние, бидејќи не видоа друга алтернатива“.

Истакна дека ако Европа гради свои безбедносни капацитети што ќе играат главна улога на светско ниво, „Макрон, најпрвин треба да започна со имплементација на безбедноста на Балканот“.

-Ако Босна и Косово продолжат со оваа состојба, нема да заврши на арно. За заканите од Русија и Кина, дали сме сериозни со нив ли не, ако сме треба да се работи на тоа.

Поделеноста во Европа во однос на признавањето на Косово е во тоа што пет ЕУ земји членки (Романија, Словачка, Шпанија, Грција и Кипар) не го признаваат Косово. Ако тоа го стори барем една од нив, како Грција, ќе настапи моментум за можна смена на позициите, рече Џозеф.

-Но треба да се работи со сите четири од тие пет земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски