Васев: Понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е составена од истрошени кадри, луѓе на Груевски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со досегашната понуда за кандидати за градоначалници покажа дека не се поместени ниту милиметар од режимската матрица. Понудата на Мицкоски е од немај каде. Стари истрошени кадри, луѓе на Никола Груевски се поставени да бидат кандидати за градоначалници што ги понудува Мицкоски, таму нема никаква нова понуда рече на прес конференција Сефан Васев од СДСМ.

„Мицкоски на неколку дена пред крајниот рок се уште нема понуда за голем број големи и важни општини како Аеродром, Битола, Карпош, Струмица и многу други. Очигледно е дека никој не сака да биде поставен само за да го понесе поразот за губитникот Мицкоски. ВМРО- ДПМНЕ и понатаму дејствува како подружница на приватна фирма на Груевски од Будимпешта и изгледа дека нема намера да го тргне тој тежок товар од себе и да се реформира во партија која работи за граѓаните. Сите овие години како опозиционер, Мицкоски ги помина единствено во борба да ги заштити криминалните остатоци од автократското владеење на Груевски и во ниту еден момент не покажа дека излегол од сенката на неговиот претходник“ – вели Васев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат