Вархеји и Силва пристигнаа во Скопје

Од:

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, во името на Претседателството со Советот на Европската Унија, пристигнаа попладнево во Скопје.

Силва и Вархеји денеска престојуваат во Скопје и Софија, со цел да разговараат со официјалните претставници на двете земји за проширувањето на ЕУ, можноста за одблокирање на процесот со цел одржување на првата меѓувладина конференција со С Македонија.

– МНР, Силва и комесарот, Вархеи само што слетаа во Скопје, доаѓајќи во важен период за нашите евроинтеграции, носејќи со себе нов поттик на португалското претседателство. Сите треба да бидеме на висината на задачата за да ги зачуваме перспективите на заедничката европска иднина, напиша шефот на дипломатијата Бујар Османи на својот Фејсбук профил.

Претходно во Софија, Силва и Вархеји се сретнаа со бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, кој рече дека Бугарија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Република Северна Македонија.

Стоев изјави дека очекува „соседите во регионот“ да работат во дух на искреност и конструктивност, нагласувајќи дека постои целосен континуитет во бугарската политика во однос на Северна Македонија и дека за Бугарија останува клучно да се одржат добрососедските односи и да се спроведува Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година.

Премиерот Зоран Заев завчера од Брисел најави дека се подготвува ваква посета во пресрет на одлучувачкиот Совет за општи работи на ЕУ на 22 јуни кога ќе се одлучува за усвојување на преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, со што би започнале и формално преговорите за членство во ЕУ година и половина откако беа одобрени.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија