Вардар во Велес зголемен за 20 см, но далеку од критичната кота

Од:

Нивото на реката Вардар во Велес измерен на мерното место кај Мало Мовче во близина на градскиот пазар денеска, како и во изминатите три дена изнесува константни 190 сантиметри, информираат од Центарот за справување со кризи во Велес.

Златко Костовски за МИА нагласува дека иако нивото на Вардар во изминатите шест дена е зголемено за 20 сантиметри, реката е далеку од критичната точка за излевање од 259 сантиметри.

– На 20 март Вардар во Велес беше 170 сантиметри, а наредниот ден на 21 март порасна на 190. На 22 март се измерени 180 сантиметри. Инаку, во изминатите три дена како и денеска, нивото било со константни 190 сантиметри, информира Костовски.

Сепак, од Центарот за управување кризи, велат дека редовно ја следат состојбата со нивото на Вардар, а со цел навреме да се превземат превентивни мерки од евентуално излевање.

Од Општина Велес како превентива од поплавување на Вардар, веќе набавиле вреќи со песок. Изминатите години најчесто Вардар се излеваше покрај мостот кај Башино Село во близина на Велес, каде ги поплавуваше бавчите со градинарски култури и викендички.

Според Центарот за управување со кризи, изминатата недела имало и мало зголемување на притоките на Вардар – реките Брегалница и Пчиња.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Критично ниво на реките: Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот

Катерина Ѓуровски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он